Кривичар за децата на моќници што станаа судии и обвинители: Им правите мечкина услуга

Екс јавниот обвинител а сега адвокат Војо Димоски ја коментира ранг листата на Академијата за судии и обвинители на која се најдоа повеќе деца на политичари, функционери, судии, обвинители и други моќници.



Еден од избраните на листата е син на спикерот на Собранието Талат Џафери кој незаконски полагаше правосуден испит пред да има право на тоа.

Димоски смета дека родителите на новите предложени обвинители и судии им прават лоша услуга на своите деца на кои во наследство им остават јавни функции. Адвокатот бара сите овие случаи да се расчистат со ветинг.

,,Кога роднини на политичари стануваат кандидати за судии, има поле да зборуваме за сторена злоупотреба на положбата. Кога деца/сопружници на судии и обвинители стануваат кандидати за правосудни функционери, има поле да зборуваме за корупција.
Ако некој ме прашува мене (а не сакам да ширам паника, ама ме прашува !) сето ова треба да биде опфатено со ветинг.
п.с. Ова како родител: Им правите мечкина услуга на вашите деца. Јасно е дека немајќи можност да им оставите занает, во наследство им ги оставате функциите! Единствено што треба да остави во наследство одговорен родител е чист образ! Нормално ако го има”, пишува Димоски кој самиот си замина од јабнообвинителска функција во Охрид откако прво му била нудена повисока функција за да молчи која тој ја одбил а потоа дојде на удар на моќници во политичко – правосудниот сектор.

Чии деца и сопруги без избрани за судии и обвинители

Синот на Талат Џафери кој незаконски полагаше правосуден испит доби шанса да биде обвинител