Фото Гламур.мк
Ева Заева, внука на премиерот Заев и ќерка на неговиот брат бизнисменот Вице Заев објавила фотографија од еден од најелитните барови во Монте Карло, Монако.
Клубот САСС е еден од најскапите клубови на француската ривиера и таму според менито најефтината храна што може да се порача е салата од 65 евра.

Просечно за просечна вечера со пиење во овој ресторан од висока класа кој можат да си го дозволат само врвни бизнисмени луѓе од шоу бизнисот треба да се плати меѓу 250 и 500 евра по човек.

Според последните информации од Јавното обвинителство таткото на Ева која се забавува во најскапите ресторани на светот за случајот се соочува со истрага за криминал.

Во кривичната пријава што ја објави ВМРО-ДПМНЕ таткото на Ева се споменува како Вице Н. човекот што барал рекет од фирма со тендер во РЕК Битола.
Подоцна од пријавата било избришано името на Вице Н а власта врши силен притисок овбинителството да не го гони Вице Заев.

Според последните информации за случајот рекет во РЕК Битола се заинтересирале европски институции и организации кои се занимаваат со јавнообвинителска дејност со што обидот на СДСМ да го го спаси братот на премиерот од судски прогон станува невозможна мисија.
Историјата се повторува стално како фарса. Таму кај што медиумите ги сликаа децата Мијалкови, еве ги и децата на овие живот што донесоа. Со една мала разлика, денешните слободарски медиуми не смеат С од САС да објават дека Вицевци исто како Сашовци искачаат во Монако. Тоа е. pic.twitter.com/8F2471Jc8h
— Манипени (@Mi6eska) August 14, 2021






