Жителите на Придњестровје, сепаратистички регион во Молдавија, поддржан од Москва, не се чувствуваат безбедно а многумина решија да заминат.



Минатата недела серија експлозии ги погодија владините згради во Придњестровје, но никој не ја презеде одговорноста.

Молдавскиот новинар, 24-годишниот Паша, кој живее во главниот град на отцепениот регион Тираспол, вели дека експлозиите биле знак за негово заминување.

За Гардијан тој изјави дека има шанси да има уште напади и дека не сака да чека и да дознае каде повторно ќе се случат експлозиите.Вели дека не се чувствува безбедно.

Се погласни се гласините дека луѓето во регионот ќе бидат мобилизирани да се борат со руската армија преку границата во Украина.

Придњестровје има население од 470.000 жители кои претежно говорат руски јазик. Регионот се отцепи од Советскиот Сојуз во 1992 година и ниту една земја, па ни Русија, не го признава.

Во понеделникот владините згради во Тираспол беа погодени од нешто што делува како противтенковска граната. Во следните денови, експлозиите погодија радио кула што се емитуваше на руски јазик, а локалните власти тврдеа дека нешто експлодирало во близина на руското складиште за муниција.

Сепаратистичките власти во Тираспол ги обвинија украинските шпиони за инцидентите.
Киев ја обвини Русија за преземање напади за понатамошно дестабилизирање на регионот, додека Москва ги осуди како „чин на терор“.

Поради неизвесноста, расте загриженоста дека Молдавија би можела да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт. Москва долго време го користи Придњестровје како преговарачка валута во нејзините напори да влијае на Молдавија.
Регионот сè уште има 1.500 руски војници, како и 20.000 тони муниција складирана во Кобасна, најголемото складиште за муниција во Источна Европа.