Доколку нема договор за 25 % зголемување на платите на вработените во образованието и негова исплата од почетокот од следната година, Синдикатот ќе донесе одлука за генерален штрајк.
Разговори за ова утре ќе одржат СОНК и Министерството за образование во последен обид да се постигне договор.
Двете страни најавија дека 7-октомври е крајниот рок за договор.
Министерот за образование Арбер Адеми е оптимист.
Умерен оптимизам за договор имаат и од СОНК.
Доколку договор в понеделник нема, одлуката за генерален штрајк ќе се носи до крајот на идната недела, дознава „Сител“.




