Албанскиот претседател Илир Мета, за утре во 8 часот најави вонредна прес конференција на која ќе се обиде да се одбрани од нападите на премиерот Еди Рама откако гго одложи одржувањето на локалните избори на 30 јуни. Ж



Премиерот Еди Рама, „меѓу редови“ на мМета му испрати порака дека не се согласува и дека „Мета самиот си пресудил“ со оодлуката да ги одложи изборите.

Премиерот на Албанија, нема ингеренции да го развласти претседателот.

Од друга страна, многу е можно претседателот Илир Мета да (се обиде-) да го распушти парламентот, нешто што го бара и опозицијата обединета околу Демократската партија на Љуљзим Баша која синоќа го одржа 8 протест под слоганот „Rama Ik“ (Рама оди си), откако во февруари го напушти парламентот.

Интересно е, што во пресрет на вчерашните протести на опозицијата имаше „асистенција“ од страна на странски медиуми кои токму сега, кога Албанија очекува датум за преговори со ЕУ, почнаа да го вадата „нечистиот веч“ и публикуваа делови од прислушкувани разговори меѓу нарко-босови и власта за купување на иборни гласови, за албански складишта со дрога, а Холандија побара повторно воведување визи за граѓаните на Албанија поради делувањето на албанската мафија.