Собранието денеска треба да расправа за избор на Насер Зибери за народен правобранител.
Насер Зибери беше предложен за народен правобранител од страна на ДУИ, но против неговата кандидатура застана пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.



Сепак, неизвесно е дали денеска собранието ќе има кворум за работа, имајќи предвид дека владејачките партии немаат мнозинство во моментот поради отсуство на пратеници поради ковид-19, односно изолација.

Зибери кој е нотар, беше кандидат за премиер на ДУИ во кампањата за последните парламентарни избори.