Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која отслужува 4-годишна затворскја казна поднела две претставки кај народниот правобранител за непочитување на нејзините човекови права во затворот „Идризово“.
Јанкуловска во ќелија спроти онаа на Катица Јанева
Првата претставка е за неможност за користење на погодности, изјави во интервју за РСЕ, советничката на омбудсманот Васка Бајрамовска – Мустафа.
Нема право на посети надвор од установа, одмор и работно ангажирање како што имаат мажите затвореници.
Втората претставка на Јанкуловска била за непостапување на Комисијата за заштита од дискриминација.
Откако народниот правобранител реагирал, Комисијата ја донела одлуката со која се утврдува дека Јанкулоска била дискриминирана од управата на затворот „Идризово“.







