Италијанскиот град Предапио во провинцијата Емилија Ромања беше домаќин на митинг на кој се собраа околу 2.000 фашисти за да ја одбележат стогодишнината од „Маршот кон Рим“ и почетокот на диктатурата на Бенито Мусолини.
Иако оваа парада се одржува секоја година, оваа година насобраните фашисти ја поддржаа новата влада предводена од Ѓорџа Мелони, која во младоста му изразуваше отворена поддршка на Мусолини, но во меѓувреме се обидуваше да се огради.







