Иран утрово изврши смртна казна врз четири лица обвинети дека дека се поврзани со операција на израелската разузнавачка агенција Мосад.
„Смртната пресуда на четворица членови на група поврзана со ционистичката шпионска организација … беше извршена утрово“, објави веб-страницата на иранското правосудство Мизан онлајн.
Четворицата беа осудени за илегално влегување на иранска територија од ирачкиот курдски автономен регион за да извршат бомбашки напад во фабрика која произведува опрема за иранското Министерство за одбрана.
Акцијата требаше да се одржи во летото 2022 година во име на Мосад и беше спречена од иранските разузнавачи.
Иран и Израел се во несогласувања со години Израел го обвинува Иран дека поддржува напади против земјата, додека Техеран тврди дека Израел извршил голем број атентати на ирански функционери и научници. Израел ниту ги потврдува ниту негира таквите акции.
Кон крајот на декември беа егзекутирани тројца мажи и една жена осудени за наводни врски со Мосад.
Минатата недела беше погубен Мохамед Гобадлу, Иранец осуден за учество во антивладини протести кон крајот на 2022 година.





