Повеќе од пет милијарди од актуелните вкупно 16 милијарди мобилни телефони во светот ќе бидат фрлени во отпад оваа година, говорат стручните проценки.



Тоа е само дел од речиси 45 милиони тони електронски отпад во светот, што не се рециклира. Иако содржат злато, бакар, сребро, паладиум и други компоненти коишто можат да се рециклираат, речиси сите овие несакани уреди се исфрлени или изгорени, што предизвикува значителна штета на животната средина и здравјето.

„ Мобилните телефони се меѓу електронските производи што најмногу не загрижуваат. Ако не ги рециклираме ретките материјали што ги содржат, ќе мораме да ги ископуваме во земји како Кина и Конго, рече Паскал Лерој, извршен директор на „ВЕЕЕ“ – непрофитна алијанса на организации за управување со електронски отпад.

Многу од петте милијарди мобилни телефони кои годинава ќе бидат вон оптек, ќе останат заборавени во фиоки, плакари и гаражи – што исто така, е штетно.