Груевска-Маџоска за Нуредини: Како може македонски министер упорно да дава изјави на англиски?

Професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје не може да се изначуди како министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и по повеќе од 1,5 година на функцијата дава изјави на англиски јазик.



„Како може македонски министер упорно да дава изјави на англиски јазик? Дали не знае ни македонски ни албански? Може во меѓувреме и англискиот ни станал службен, и така без никаква основа го ставаат на таблите на институциите“, констатира Груевска-Маџоска.