Фрлена Црна магија или Мафијашка рака: Дебата за хаосот во правосудството

По изборот на вџашувачки кадар на ДУИ за шеф на организиран криминал и кадар на СДСМ за шефица на Судскиот совет во јавноста се води интересна јавна дебата за причините за хаосот во правосудниот систем.



Дел од учесниците во дебатата меѓу кои има адвокати, новинари, невладини активисти и други експерти сметаат дека причините се во црна магија и други темни сили:

Црна магија е фрлена на правосудството, јас друго образложение немам.

Некој не има урочено како држава 😇

Црна чума се зададе

Дел од дебатерите нудат креативно решенија за проблемот:

Тогаш бајачка само!

Ма, одма кај Иван Исцелител!!!

Да се најде вештерката па на клада да ја клајме❓❗

Некои не можат да се помират што своевремено не влегле во битка со мрачните сили:

А ко ќе ми текне дека ме тераа мајтап кога ќе чадев со темјан во Обвинителство. Камо да бев поупорен.

Други не се откажуваат од војната против проколнатиот правосуден систем:

Еве јас ќе баам на ТВ утре против уроци, да не те викнаа, да баеме заедно! 🤣😂

Четврти ги откриваат корените на проблемот:

А што очекувавте да се случи откако пред четврт век Уставниот суд го поништи благословот на учебната година?

Петти внесуваат песимизам за решавање на маката:

А има ли сегмент каде не е фрлена? Сега само решија на ова малку џева да дигнат, да замачкаат очи – ко нешто се работи! Многу бајачи ни требаат!

Сите коментари во Фејсбук статусот на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02SCBe9o71oqDDk8bpUrkMd7bKancHV6tqNxVRK1bxvihBUApK1YAyua6SsChWfRFRl&id=1489893357&mibextid=Nif5oz