Франција доби најмлад премиер во историјата плус – геј

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи 34-годишниот министер за образование Габриел Атал за нов премиер на земјата.



Со 34 години, Атал е најмладиот премиер во модерната француска историја.

Покрај тоа што е најмлад, Атал е и првиот премиер отворено геј.

Атал, близок советник на Макрон, кој стана познат низ цела Франција како владин портпарол за време на пандемијата „Ковид-19“, ќе ја замени Елизабет Борн, иако тоа сè уште не е официјално потврдено.

Тој е еден од најпопуларните политичари во последните анкети. Атал се стекна со репутација на способен министер со добри јавни настапи.