Еуростат: Македонија, трета најсиромашна во Европа

Според податоците на Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја во Европа. Посиромашнисе само Албанија и БИХ со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ.



Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што Босна и Херцеговина тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП.

Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.

Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93% над просекот на ЕУ, а меѓу најбогатите се Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија.