По „скандалот дека осмооделенецот Дамјан Давков, заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математика, а се натпреварувал во ранг на средношколци, Демократскиот сојуз побара од претседателот Стево Пендаровски преку своите овластувања да го награди.
„Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци“, гласи реакцијата на Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов.
Од ДС бараат Кабинетот на Пендаровски да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување.






