во Основниот суд во Тетово е закажан четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица.
Претходниот пат, на 8 ноември судијата Јордан Велковски го одложи рочиштето за денеска, 7 декември во 10 часот, затоа што еден од обвинетите немаше адвокат бранител.
Судијата информираше дека доколку не обезбеди адвокат за нареден пат ќе мора да почне главната расправа и без присуство на бранител на обвинетиот.







