Министерството за образование и наука денеска соопшти дека привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно со усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование. Најавува дека во текот на летниот период ќе ѝ бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците заради навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година.
Новите материјали се дел од новата Концепција за образованието која според МОН била широко прифатена а како што пренесува мкд.мк таа е направена со помош на експерти.
Повеќе детали на овој ЛИНК






