Атанасов за образовната реформа на МОН: Тоа е поразувачки

Во рамки на расправата за Нацрт-концепцијата за основно образование, професор д-р Петар Атанасов во своето обраќање во Собранието запраша каков е тој концепт за кој образовни институции и соодветни факултети се изјаснуваат негативно. „Тоа е поразувачки.



Многу здруженија на професори од различни науки и дисциплини не дадоа поддршка за ова, напротив со вашите предлози ја вознемирувате образовната база.

Најавата за големи промени не ги радуваат учесниците во образовниот процес.

Искуството покажа дека големите промени ни прават голема штета. Во овој момент во јавноста предизвикувате конфузија, се однесувате арогантно особено со средношколците и не успевате да возвратите на критиките, избегнувате медиуми, не сакате да дебатирате со стручната јавност“, нагласи Атанасов.

Професорот предлага понудената концепција за основното образование поради, како што рече, многубројните негативни реакции на стручната јавност пред се да се повлече од страна на МОН, а во која друга следна, според него, мора да учествуваат многу поголем круг на експерти.