Професорот и член на президиумот на Левица Димитар Апасиев смета дека единствената надеж за зачувувањето на уатавното име сега лежи кај албанските националисти од БЕСА и Алијансата на Албанците и на Грците кои можеби нема да го ратигикуваат договорот.
Разочараниот професор цинично забележува дека по 28 години можеби е доста македонска држава.
“Другари, утакмицата е одамна наместена!
Не дај Боже у историјава пак да треба СДСМ-ДПМНЕ да не’ спасуваат. Се виде нивното. „Катимерини“ објавува дека ВМРО ќе се откаже од собраниска расправа, само за да уставните промени пројдат што е можно побрзо – оти виси владата на Ципрас… (колку за споредба, вмровските пратеници три месеци не даваа да се смени Зврлевски со процедурални финти, али кога се работи за името – к*р ги боли!)
Туку, једина сламка за спас на името МАКЕДОНИЈА сега се крие кај албанските националистички пратеници и кај Грците (кои најверојатно нема да го ратификуваат Договорот).
За жал, на Македонците толку им сече. Само 28 години држава, може е и доста а”, пишува Апасиев користејќи ги хаштазите #ПакДаСиГиГласате
#ПомалотоЗло
#ЕпаЧорбаЕпаМакедонче





