Министерството за образование и наука останува на ставот дека второто полугодие ќе започне на 1 февруари и тоа со физичко присуство, а предвидена е мерка децата во училиштата да ротираат – оние до прозорците да се емнуваат со другите соученици поради минсните температури.



Претседателот на Синдикатот за образование, Јаким Неделков, во „Утрински брифинг“ ја искритикува повторно мерката со отворање на прозорци во училиштата за време на настава на минусни температури.

„Имаме заедничка одговорност за таквите состојби, без разлика дали е пандемија, има Закон за безбедност и здравје при работа. Работодавачот мора да обезбеди услови за работа“ рече тој.

На вакви минусни температури е апсолутно неприфатливо, нехумано е и спротивно на законот да се работи на температура под 18 степени. Наставниците треба да си ги знаат сопствените закони за себе да се заштитат, но и своите ученици. Затоа се тука и наставниците да си ги остваруваат сопствените права“, рече првиот човек на СОНК.

Синдикатот очекува да се преиспита одлуката наставата во второто полугодие да започне од 1 февруари и побара барем две недели да се следи наставата онлајн. 

-„Доколку ова не се направи, одговорноста е апсолутно на властите“, додаде Неделков.

Предложената мерка предизвикалавина реакции во јавноста.