Седум професори и експерти консултирало Министерството за образонавие и наука (МОН) за подготовка на новата концепција за основно образование со која историјата веќе не е посебен предмет, дознава ТВ Алфа.
„Членовите на работната група досега учествуваа во бројни јавни и медиумски дебати како и во самата јавна презентација на концепцијата (на пример проф.д-р Виолета Петроска Бешка, проф. д- р Јасмина Делчева Диздаревиќ, проф. д-р Кирил Барбареев од УГД, проф. д-р Лулзим Мехмеди од Универзитетот во Тетово, Иванка Мијиќ, советник во Бирото за развој на образование, проф. д-р Лена Дамовска од УКИМ, Ајше Ајрулаи од Бирото за развој на образованието…) Претходно, слушнато е мислењето на над 4.000 наставници, но и на учениците и родителите, oдговорија од Министерство за образование и наука на прашање на ТВ Алфа.
На списокот сепа нема име на ниеден експерт кој гласно говори против ваквата концепцијата, ниту пак МАНУ, Институтот за македонски јазик, институтот за национална историја, кои реагираат дека предметот историја не смее да го нема како посебен предмет.
Од министерството тврдат дека дебатата е во тек – уште денет дена.






