Граѓаните се жалат за партиски конкурси и политички реваншизам

Наместени партиски конкурси, несоодветно распределување на работно место поради партиска припадност, како и на непродолжување на договорите за работа, е она на што се жалат граѓаните вели заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска, според која, за 60 отсто е зголемен и бројот на поднесени барања за повреда на првата од работниот однос.



„Констатиравме дека продолжува праксата на партиски реваншизам по спроведување на изборите, што особено беше видливо во сфетата на образованието и детската заштита при изборот на кандидати за вработување, но и при трансформација на вработените од определено на неопределено време. Ниту констатациите на инспекциските надзори во однос на избраните кандидати не нè убедија дека на објавените конкурси за вработување се избираат лица со најдобри компетенции“, рече Бајрамовска при презентирањето на годишниот извештај за работата на оваа институција. .