На три часа пред формалното завршување на дводневната национална жалост, додека шест патници од автобусот на Дурмотранс се уште се борат за живот, премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров видно насмеани се сликале на куртоазен дипломатски состанок.
На фотографиите што ги објави кабинетот на премиерот се гледаат Заев и Димитров со насмеани лица како разговараат во Минхен пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција која започнува утре.

По стариот добар обичај македонските претставници се среќаваат со поранешни југословенски колеги или соседи, овој пат насмеаниот Заев се среќава со црногорски, словенечки и бугарски колеги.(Ѓукановиќ, Пленковиќ и Борисов)






