Македонија значајна за заштита на европските граници од мигрантите

Полскиот премиер ги поздрави напорите на Македонија за решавање на проблемот со миграцијата на Европа.



Според Матеуш Моравицки, „многу е важно она што го прави Македонија … во однос на миграцијата, во однос на бегалците“.

Тој додаде дека Полска испрати свои гранични службеници да ги поддржат напорите на Македонија за заштита на европските граници.

Моравиецки, исто така, потсети дека полските и на македонските трупи „работат заедно“ во Авганистан и додаде „Ние веќе сме сојузници во многу полиња“.