Министерството за внатрешни работи добило барање од автриските власти за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, е осомничен за планирање терористички напад во Виена.
ОД МВР соопштија дека постапуваат по однос на доставеното барање, дознава СДК
19-годишнииот Мухамед роден во Австрија, но по потекло од Македонија, подготвувал терористички напад за време на концертите на Тејлор Свифт во Виена.
Трите концетри на мега-ѕвездата по ова биле откажани.
При претресот во неговиот дом биле пронајдени хемиски супстанци и технички уреди, кои сега се испитуваат. Тој рекол дека хемикалиите ги украл од својот поранешен работодавач. Тој пред неколку недели објавил видео на ТикТок во кое ѝ дава заклетва на Исламска држава.
Апсењето на 19-годишниот Мумахед по потекло од Македонија, осомничен за планирање терористички напад на концертите на Тејлор Свифт, потсетува на терористичкиот напад од ноември 2020 година, исто така, во Виена, кога 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, по потекло од Македонија, уби четворица и повреди уште 23 лица.
Во 2020 година, Фејзулаи беше убиен од полицијата за време на нападот. Австриската полиција кажа дека 20 Фејзулаи, роден во Виена, имал и австриско и македонско државјанство, а родителите му се со потекло од Челопек.
Тој никогаш не бил во Македонија. Полицијата кажа и дека бил симпатизер на Исламска држава, кој одлежал неколку месеци затвор во 2019 за обидот да замине да се бори во Сирија. Полицијата потврди дека Фејзулаи предвреме бил пуштен од затвор откако поминал низ процес на дерадикализација, потсетува порталот „СакамДаКажам“.






