Зечевиќ со прекрасна изведба на ,,Налеј, налеј” на Светосавската академија (ВИДЕО)

Прекрасна изведба на ,,Налеј, Налеј” од српската пејачка Бранка Зечевиќ на Светосавската академија организирана вчера на 27 Јануари во Скопје во чест на националниот празник на Србите во Македонија.



Бранка Зечевиќ е една од најдобрите српски вокали која пее традиционални српски песни.

Настанот на кој беа присутни претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот Пендаровски, премиерот во оставка Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се одржа во новата зграда на Македонскиот национален театар во Скопје.

Претседател на организациониот одбор на Светосавската академија во чест на националниот празник на Србите во Македонија е пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ.