Членот на Судски совет Миљазим Мустафа, кој ја поднесе иницијативата за разрешување на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, имал намера да се откаже од барањето на дисциплинската постапка, непосредно пред почетокот на седницата на која на дневен ред треба да се најде токму оваа точка, дознава ТВ Телма
Од Судски совет за Телма утрово изјавиле дека досега до нив таква информација нема.
Доколку дојде до тоа, ќе се одржи седница на која само ќе се констатира дека тој се повлекува од иницијативата и седницата за разрешување на Беса нема да се одржи.
Инициујативата на Мустафа била поради тоа што Беса Адеми дека не се појавувала на седниците на Судскиот совет што според него е професионална и правна некултура во постапувањето, и почитувањето на институциите.






