Според првиот човек на Советот на амбасадори, Мухамед Халили, порано или подоцна ќе се изнајде решение за уставните измени, но она што е уште поважно, според него, се останатите заклучоци на Европскиот Совет, кои се однесуваат на темата за владеењето на правото.



„Уставните измени се услов без кој не се може, но проблемите не лежат исклучиво во уставните измени. Поголемите проблеми за нашата земја лежат токму во другите констатации, кои веќе со децении се присутни во државата, а тоа е владеење на правото, борбата против корупцијата…“, вели Халили за Алсат.

Токму владеењето на правото, додава амбасадорот, ќе биде најголемиот предизвик во преговорите за членство на земјава.

Тој повика Европската Унија повеќе да се ангажира во оваа насока и да го следи примерот на Вашингтон, со т.н. црна листа и санкциите кои произлегуваат од неа.

„Не е толку катастрофално ако на некој политичар му забрануваш да не оди во САД, зашто ние сме секојдневно поврзани со работата во Европската Унија и затоа придонес во тој аспект треба, со конкретни чекори, да дава и Европската Унија. Веќе имињата се знаат, имињата се објавуваат, а резултатите се никакви“, додава Халили.

Во последните заклучоци на Советот, се истакнува дека Македонија мора да испорача во делот на независноста, професионалноста и непристрасноста на правосудството, во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и реформи во јавната администрација, потсетува Алсат