Агент на израелската разузнавачка служба Мосад беше погубен во саботата во југоисточната иранска провинција Систан-Балучестан, објави официјалната новинска агенција ИРНА.
„Ова лице комуницирало со странски служби, конкретно со Мосад, собирајќи доверливи информации и со учество на соработници, обезбедувал документи за странски служби, вклучително и Мосад“, се вели во соопштението.
Името на наводниот шпион не е соопштено, информира Jerusalem post
Се наведува дека обвинетиот му предал доверливи информации на „офицер на Мосад“ со цел „пропаганда за групи и организации спротивставени на Исламската Република“, но не се наведува каде се случило наводното предавање.
Не е јасно кога лицето е уапсено, но ИРНА соопшти дека жалбата била одбиена.






