Шефот на израелското надворешно разузнавање на Мосад, Дејвид Барнеа, го отповика својот тим преговарачи за ново примирје во Газа од Катар по налог на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради „ќорсокакот во преговорите“ околу ослободувањето на заложниците на Хамас.
„По застојот во преговорите, по налог на премиерот Бенјамин Нетанјаху, директорот на Мосад Дејвид Барнеа му нареди на својот тим преговарачи во Доха да се врати во Израел. Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој предвидува ослободување на сите жени и деца во согласност со списокот обезбеден и одобрен од Хамас, се вели во соопштението.
„Шефот на Мосад им се заблагодари на раководството на ЦИА, египетскиот министер за разузнавање и премиерот на Катар за нивните огромни посреднички напори, кои доведоа до ослободување на 84 деца и жени од Појасот Газа, како и на 24 странски државјани“, се наведува понатаму од канцеларијата на Нетанјаху.







