Во училиштата во Гази Баба: На настава без мобилни

Од вчера, во сите општински основни училишта на територијата на Oпштина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.



Градоначалникот на Општината Бобан Стефковски рече дека сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.

„Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот“, изјави Стефковски . (Независен)