Министерството за образование и наука соопшти дека студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal.
Студентите не сакаат „дозиран“ оброк
„Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври“, се истакнува во соопштението на министерството.
Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.







