Протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово во која пред две години изгореа 14 лица е закажан за денеска во 12 часот пред Основниот суд во Тетово.
Поттикнати од содржината на документарниот филм на ИРЛ насловен „Убиство во Тетово“, роднини на загинатите и граѓани на Тетово преку социјални мрежи се организираа за денешниот протест
За овој случај имаше и обвинение, како и пресуда. Обвинителот ги гонеше двајцата ексдиректори на тетовската болница и докторот задолжен за модуларниот објект. Но, не и за причините за пожарот, за противпожарната заштита, во објектот.
Протестот доби поддршка и од новата партија на Изет Меџити, Демократско движење кои ги повикаа своите симпатизери да застанат рамо до рамо со демонстрантите, организирани од граѓански здруженија, револтирани од одлуките на судството во Македонија.







