Сведоци тврдат дека компанијата Тинекс ги измамува своите потрошувачи преку флаери на кои се промовираат производи кои не можат да се купат во продажните места на компанијата.
Муштерии вчера биле гневни што во еден од најтоплите денови годинава се обиделе да купат производи што се на попуст во флаерот на Тинекс а кога ќе дошле на каса не можеле да ги купат.
Оправдувањето за измамата за која се бара интервенција од пазарната инспекција е тоа што производите не биле залепени еден за друг со што се јавува сомнеж дека можеби се работи и за роба со изминат рок.
,,Одам денес во ТИНЕКС (во Кисела Вода, веднаш до НИКОБ) да пазарам и пред мене неколку жени купуваат по неколку кутии кафе Де густо…Но, касиерката се труди да им објасни дека овие кутии не се залепени межу себе, што значи дека „не се на акција“…Љубопитноста ме тера да прашам за што станува збор и жената пред мене ми покажува на флаерот дека од денес имаат наводно акција, 2 кутии кафе за 466 денари (инаку кутија во редовна продажба чини 419 денари). Расправијата продолжува и касиерката не прифаќа да ги продаде кутиите кафе според промоцијата, а неколку купувачи дошле токму заради таа промоција…
Зошто не ни ги продаде, патем и јас побарав да добијам две кутии, ми остана нејасно!!! Не заради нешто друго, туку заради тоа што кафе имаше, ама кутиите не биле врзани,нели?! Па се прашувам тоа врзувањето да не е знак за фејк кафе, кафе со минат рок (ако му изминува рокот)…Мислам дека за ваква измама на клиентите треба да се заинтересира и Пазарна инспекција, нели? Факт е дека Тинекс одамна не е тоа што беше, но не разбирам зошто лажат!!!”, објавува македонска новинарка која вчера била сведок на измамата кон неколку луѓе од Тинекс една од најголемите македонски трговски марки која не смее да си дозволи вакво поведение кој своите муштерии.






