Страв или тактика: Цели 8 дена Мерко го нема во соопштенијата на СДСМ

Цели 8 дена откако излезе информацијата на американскиот Стејт департмент за санкциите кон функционерот на ДУИ, СДСМ во своите соопштенија бега од темата Рамиз Мерко и црната листа на САД.



Партијата која пред 18 месеци застана зад струшкиот градоначалник за време на локалните избори во Струга сега нема ниту едно соопштение за црната листа на САД на која е нивниот партнер Рамиз Мерко.

Во сите свои соопштенија, околу 50 во последниве 8 дена, СДСМ воопште не го споменува Мерко иако тој самиот излезе јавно да даде објаснување, а за тоа има најмалку две причини.

Партиски извори кои не влијаат на соопштенијата на СДСМ анализираат дена едната причина за молкот за Мерко во партиските соопштенија е стравот дека ако биде нападнат од Бихаќка струшкиот градоначалник ќе возврати и ќе открие криминал и корупција за партијата на Ковачевски.

Втората можна причина што во соопштениата на СДСМ се зборува за Груевски кој е на црна листа на САД а не се зборува за Мерко, е ставот на врвот на партијата дека народот брзо ќе заборави на темата и наскоро никој нема да ги поврзува социјалдемократите со Мерко туку тоа ќе биде исклучиво проблем на ДУИ.

За жал врвот на партијата не гледа дека за граѓаните СДСМ е исто виновна колку и ДУИ за тоа што тој досега не е в затвор, вели еден партиски извор кој очекувал СДСМ јасно и гласно да преземе мерки за одгороност од Мерко.

На изборите ќе ни се удри од глава ваквото калкулирање со човекот кој е корумпиран криминалец за официјален Вашингтон, заклучува разочараниот извор на Бихаќка.