Селата лоцирани по долината на реката Радика на потегот од Маврово до Струга се населени места кои имаат најмал економски развој и од кои граѓаните се иселуваат со најбрзо темпо од сите други градови и села во Македонија.
Некогаш во овие училишта учеа стотици деца сега едвај може да се состави една паралелка во сите класови.
Најголем број од возрасните се на печалба во Италија и во други странски земји и затоа малку од политичките партии се грижат за овој крај кој е еден од најубавите во Македонија.
,,Разговорите со жителите од населените места Отишани, Џепиште, Могорче, Горно и Долно Косоврасти ни покажаа дека во овој прекрасен крај со уште подобри луѓе власта нема инвестирано ништо.
Разочарани, потиснати, обесправени се борат за живот. Денес луѓето животот го бараат надвор од нашата држава. Затоа даваат безрезервна подршка за ВМРО-ДПМНЕ”, објави денеска претседателот на општинскиот комитет во Дебар Алмедин Шаиноски кој заедно со неговите партиски колеги беа домаќини на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Сајкоски кој го посети овој крај во рамки на акцијата #ОваЕМакедонија.





