Морган Фриман одбива да го нарекуваат „Афроамериканец“

Познатиот американски актер Морган Фримен во интервју за „Тајмс“ го осуди терминот Афроамериканец.



„Тоа е навреда, јас не го прифаќам тој термин. Црните луѓе се нарекуваат секакви имиња до оној на букбата „N“ (negro).

…сите користат „Афро-американец“. Што значи тоа? Бојата на кожата на повеќето црнци во овој дел од светот се од мешани раси.

Афроамериканци или Африкански Американци – поим кој денес во Соединетите Американски Држави се користи службено за да ги означи жителите со црна боја на кожата, односно, потомците на африканските робови доведени во Северна Америка меѓу XVII и XIX век.

„Покрај тоа, се користите терминот Африка како да е земја, а всушност е континент, како Европа“ изјави 85-годишниот актер.

Во интервјуто, Фримен се осврна и на прославата на Black History Month (Mесец на историјата на Црнците исто така познат како месец на историјата на Афроамериканците), велејќи дека тој исто така го смета за навреда.

„Ја потиснувате целата моја историја за еден месец?“, вели актерот.