Министерството за образование и наука (МОН) денеска информира дека во моментов се изготвува првата нацрт-верзија на законот за учебници во основно и средно образование, пренесува.
Како Монт Еверест висок 19 км и Албанија на исток може да е грешка
Во работната група која учествува во изработката на новиот закон, велат од МОН, вклучени се претставници на повеќе институции и чинители на воспитно-образовниот процес.
„Во новото законско решение ќе бидат интегрирани сите конструктивни предлози што од јануари пристигнаа на адресата на МОН, кога беше повикана јавноста да даде забелешки и сугестии на постојното законско решение што е основа за изработка на ново подобро решение“, се вели во соопштението од МОН.
Иницијативата за изработка на нов закон за учебници, посочуваат од МОН, е со цел намалување на веројатноста за грешки и унапредување на квалитетот на содржината на учебниците за основно и средно образование.
Кон крајот на минатата година јавноста бурно реагираше на низата грешки и пропусти кои се најдоа во содржината во новите учебници чиј издавач е МОН.






