Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предложи ЕУ да потроши една милијарда евра за заеднички набавки на муниција за Украина и уште една милијарда за надополнување на сопствените резерви.
„Предложив план од три точки проценет на 2 милијарди евра:
набавки од постојните залихи, за што предлагам да се издвојат 1 милијарда евра од Европскиот фонд за мир,
вториот чекор е заедничка набавка на муниција од 155 мм, за што треба да се издвојат уште една милијарда евра и
транзицијата на нашата индустрија на воен начин на работа“, рече тој на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Стокхолм.
Според Борел, ЕУ планира до крајот на годината да обучи 30.000 украински војници. До крајот на март ќе бидат обучени 11 илјади.







