По барање на одбраната судијата одлучи да го одложи денешното четврто закажно судско рочиште за случајот Модуларна болница Тетово.



За време на денешното рочиште, одбраната на сите четворица обвинети бараше препис на доказите, кои како што тврдеа не им бил овозможени од судот.

Оттаму истакнаа дека имале увид во дел од списите, но не им бил овозможен препис, оти во судот им рекле дека не им работел фотокопирот.

Побарале преписот да се изврши надвор од судот, но и тоа барање им било отфрлено.

Поради немањето на увид на доказниот материјал, одбраната побара да не започнува воопшто читањето на доказниот материјал.

На почетокот на расправата судијата Јордан Велков ги повика обвинетите да се изјаснат по однос на обвинителниот предлог, кој претходно беше прочитан од Јавното обвинителство. Сите обвинети се изјаснија дека не се чуствуваат за виновни.