Бектеши: За 10 дена ќе поевтинат лебот, месото, млекото…

Цените на основните прехранбени производи во наредните 10 дена ќе имаат намалување. Ова особено се однесува на оние основни прехранбени производи кои се наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто, најави министерот за економија Крешник бектеши на денешниот брифинг со новинарите.



„Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи“, нагласи Бектеши.

Според него, ако суровините останат на истите увозни цени, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања.