Украинските власти го уапсија Вјачеслав Богуслаев, шеф на големата украинска компанија Мотор Сич, еден од најголемите светски производители на авионски мотори со седиште во Запорожје, објави Киев Индипендент.



Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека го сомничи Богуслаев за соработка со Русија.

Шефот на Мотор Сич е „дел од кривичната истрага за нелегалните активности на Мотор Сич, односно снабдување на Русија со опрема за воени авиони“.

Заедно со Богуслаев, СБУ го уапси и шефот на одделот за економски активности со други земји, но не го објави неговото име.

Двајцата се осомничени за „соработка со претставници на руската државна одбранбена компанија „Ростек“, еден од главните производители на оружје за руската армија.

Двајцата , „воспоставиле транснационални канали за нелегално снабдување на руски воени авиони со украински авионски мотори“.

Се додава дека „Русија ја искористи набавената опрема за производство и поправка на своите борбени хеликоптери Ка-52, Ми-28 и Ми-8“. Ваквите хеликоптери, според СБУ, Русија „масовно ги користи“ во нападите врз Украина.