Судското рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово е одложено по втор пат.
Причина, двајца од обвинетите, докторот Бобан Вучевски и поранешниот финансиски директор на болницата Артан Етеми, немале адвокат.
Иако имаа два месецаи да си обезбедат застапник кој ќе ги брани, тие образложија дека не знаеле дека треба да имаат адвокат, пишува Порталб.мк.
Следното рочиште за овој предмет кој го води судијата Јордан Велковски, е закажано за 8 ноември во 10 часот.
Во пожарот од 8 септември 2021 што за неколку минути ја пеплоса модуларната болница во Тетово, изгореаоднесе 14 пациенти лекувани од ковид-19, но и на членови на семејството кои беа внатре.
Основното јавно обвинителство Тетово, по повеќемесечна истрага, на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.






