ЕУ загрижена дека Русија би можела да ја нападне Молдавија

Русија би можела да ја прошири војната со инвазија на Молдавија, поранешна советска република што се граничи со јужна Украина. Ова го соопшти високиот претставник за безбедност и надворешни работи Жозеп Борел.



„Да, ние сме многу загрижени за тоа што може да се случи со Молдавија“, рече Борел. „Искушението на Путин да ја прошири војната и да влијае на Молдавија е можно“, рече Борел.

Тој потсети на неодамнешните експлозии во земјата и присуството на руски војници.

Во молдавскиот регион Придњестровје живее мнозинско руско население, .

Минатиот месец, две експлозии во близина на границата со Украина деактивираа две моќни радиодифузни антени во молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје.

Придњестровје е тесен појас на земја контролиран од сепаратистичките власти од војната со Молдавија во 1992.

Русија има околу 1.500 војници во отцепениот регион, повикувајќи се на мировни мисии.