Дали и на источна Молдавија може да ѝ се случи Украина!?

Непризнатата Придњестровска Република (ПРМ) – во која живее мнозинско руско население на истокот на Молдавија – прогласи „црвен аларм“ и воведе дополнителни мерки за безбедноста на луѓето, општеството и државата, по неколку „терорсистички напади“, се наведува на веб-страницата на премиерот Вадим Красноселски, цитирана од РИА Новости.



Во позадина на руската агресија во Украина, Придњестровје повторно се најде во центарот на вниманието откако стана јасно дека Русија планира да создаде „коридор“ низ јужна Украина до оваа енклава во поранешната советска република Молдавија.

На 22 април, заменик-командантот на Централниот воен округ на Русија Рустам Минекаев рече дека заедно со окупацијата на јужна Украина за време на втората фаза од специјалната операција, руската армија има намера да обезбеди пристап до Приднестровје, каде што постојат „факти за угнетување на населението што зборува руски и живее таму.

Синоќа, според прелиминарните податоци на МВР, врз зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол биле испукани неколку гранати од рачен фрлач. Поради тоа што биле искршени стаклата на горните катови од зградата.Во експлозиите нема повредени. Во вторникот, Министерството за внатрешни работи објави за две експлозии во селото Мајк, округот Григориопол, поради што беа затворени две од најмоќните антени на центарот, кои ги исклучуваа програмите на руското радио.

Молдавската претседателка Меј Санду денеска ќе одржи состанок на Врховниот совет за безбедност за да се спречи ескалација ситуацијата во непризнатата Придњестровје.

Ситуацијата во Придњестровје предизвикува немири, Кремљ внимателно ја следи ситуацијата, изјави заменик-секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков. Според него, контактите меѓу шефот на државата Владимир Путин и претседателката на Молдавија Меј Санду воопшто не се планирани.

Бомбардирањата во Придњестровје се „непријатна провокација“ за да се наведе Русија да ги засили непријателствата и да распореди руски сили за заштита на нејзините граѓани.

Ова за ТАСС го соопшти претседателот на комисијата на Државната дума за евроазиска интеграција и односи со сонародниците Леонид Калашников.

Според него, во Приднестровје живеат околу 200.000 граѓани на Руската Федерација.