Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по состанокот со Министерството за образование иизјави дека „нема добри вести за јавноста… Немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во одреден процент…Штрајкот ќе продолжи“.
Според Неделков, се зависи од МОН и Владата со предлог.
„Сите сме расположени за прекин на штрајкот, но членството треба да одлучи околу таа одлука. Немаме добиено никаков предлог и не можеме да зборуваме за сума. Во правец на наставата се одвиваа разговорите. Ние сме со став дека не треба да се продолжи учебната година, може и во предвидениот рок да се надополнат пропуштените часови“, рече Неделков.
Претседателот на СОНК додаде министерот Шаќири ветил дека ќе се зголемат платите, но не и колку ќе биде покачувањето.
„Продолжуваме со преговори во секое време кога ќе побараат од нас, потенцира Неделков.







