„За барањата за политичко – територијална автономија, специјален статус на Албанците во Македонија  и специјален статус на Заедницата на албански општини во Македонија со право на законодавство според моделот и практиката на Тирол (покраина меѓу Швајцарија, Германија и Италија) е разговарано уште во 1992 година меѓу Владата на Македонија и тогашните албански партии, со посредување на меѓународната заедница. Хашката конференција за државите од поранешна Југославија ги прифати специјалниот статус на Албанците во Македонија и постоењето таква Заедница на општини, но македонската Влада одби да го потпише ‘Работниот документ’, произлезен од 18-те рунди разговори. Со отфрлањето на овие барања, манифестирани и во дебатата околу усвојувањето на Македонскиот устав, македонската политичка елита и нанесе штета на Републиката.“ – вели Мухамед Халили, секретар за меѓународни односи на Партијата за демократски просперитет во тоа време, во својата колумна под наслов „Албанско – македонски дијалози по независноста“, која ја објави весникот „Лајмпрес“ и некои други албански медиуми.
 Халили пишува: „Во 1992 година Партијата за демократски просперитет им испраќа писма на министрите за надворешни работи на европските држави и на САД со преглед за позицијата на Албанците во Македонија. Врз основа на овие барања за рамноправност на ППД испратени до меѓународните организации, Хашката конференција за поранешна Југославија назначи група за решавање на етничките прашања во Хрватска, Босна, Косово и Македонија. Подгрупата за Македонија беше предводена од германскиот дипломат Герт Аренс.“
Халили пишува: „Во 1992 година Партијата за демократски просперитет им испраќа писма на министрите за надворешни работи на европските држави и на САД со преглед за позицијата на Албанците во Македонија. Врз основа на овие барања за рамноправност на ППД испратени до меѓународните организации, Хашката конференција за поранешна Југославија назначи група за решавање на етничките прашања во Хрватска, Босна, Косово и Македонија. Подгрупата за Македонија беше предводена од германскиот дипломат Герт Аренс.“
Авторот на колумната додава: „Откако Македонија ги прифати обврските, кои произлегуваат од Поглавјето 2 на Хашката конференција за поранешна Југославија, македонската Влада се согласи со посредување на меѓународната заедница да започнат разговори  меѓу Владата и албанските Партија за демократски просперитет и Народната демократска партија и со меѓународната заедница, предводена од амбасадорот Герт Аренс. Во средиштето на тие разговори беше унапредувањето на правата на Албанците (подоцна и на другите етникуми) во Македонија. Разговорите завршија во 1994 година.“
„Околу 18 – те рунди разговори завршуваат со изготвување ‘Работен документ’, кој што тогаш македонската страна одбива да го потпише“ – тврди Халили: „На разговорите се разговараше и за политичка и територијална автономија, а Хашката конференција го прифати барањето за посебен статус на Албанците во Македонија, особено статусот на Заедницата на албанските општини во Македонија со право на законодавство според моделот и практиката на Тирол. (покраина меѓу Италија, Германија и Швајцарија). За време на изготвувањето на новиот македонски устав, барањата за вградување на уставната еднаквост на Албанците во Македонија наидоа на одбивање од тогашната македонска политичка елита. Истото се случи и за време на расправата во Собранието и и при донесувањето амандмани.“
Во колумната авторот натаму вели: „За време на собраниската расправа  Парламентарната група на ПДП – НДП на Парламентот на Македонија му поднесе документ насловен како ‘Декларација за рамноправност на Албанците во Македонија’, барајќи за неа да се расправа во Собранието. Едновремено текстот им е испратен на сите европски организации како ОБСЕ, Советот на Европа, Европската Унија и светските организации за права на човекот. Во точката 9 на декларацијата се предупредува на легитимноста и оживотворувањето  на одлуките, кои го дефинираат самоопределувањето на Албанците во Македонија (Политичко – територијална автономија).“
„Македонските политички лидери (Георгиевски, Глигоров, Андов) овие нешта или не ги разбраа правилно, или ги искривоколчија, а според нивното подоцнежно признание тие погрешија и и нанесоа штета на Републиката.“ – вели во заклучокот на својата колумна Мухамед Халили, со која тој се надоврзува на написите во медиумите и јавните изнесувања ставови на трибини овие неколку месеци во врска со реактуелизираната идеја за политичко – територијалната автономија на Албанците во Македонија како „држава во држава“ со име „Илирида“.
Екс македонски амбасадор жали што Албанците немаат политичко – територијалната автономија
            
            Поранешниот македонски амбасадор во Лондон Мухамед Халили жали што Македонците одбиле широка автономија на Албанците и со тоа и наштетиле на Македонија. 
        
        
     
             
		






