По 16 години, Иџет Мемети ја напушта престижна државна институција Народен правобранител и се сели во Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на Собранието му предлага нови два члена на Советот за јавни обвинители да бидат Иџет Мемети и Љупчо Ивановски.
За Иџет Мемети се наведува дека е дипломиран правник, со положен правосуден испит, од Тетово, како и Народен правобранител.
Љупчо Ивановски е исто така дипломиран правник, со положен правосуден испит и адвокат од Скопје.






