Грчката влада ги урна цените на тестовите за корона

Сио цел да спречи профитерство, грчката Влада воведе плафон за цените на тестовите, како за ПЦР така и за брзите, кои не смеат да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, јави дописничката на МИА од Атина.



Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи Панајотис Стамбулидис на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство.

ПЦР тестовите во Грција до сега чинеа меѓу 70 и 90 евра.