Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ѝ го честита празникот 11 Октомври на својата татковина, кој го „одработи“ со концерт во Монте Карло.
„Прв концерт по 8 месеци, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло и маестро Кристијан Мачелару.
Дозволете ни да наздравиме за музиката и да го победиме вирусот!
Среќен национален празник на мојата земја – Ден на народното востание во Македонија!“, објави Трпчески на Твитер.




